Таен зачин: Баба подготвила патка за семејството, ја зачинила со канабис

16

Шест членови на семејство од Чешка го поминале Божик со силна мачнина и халуцинации, а како што се утврдило за се е виновен тајниот зачин којшто бабата го ставила во печената патка. Тие завршиле во болница бидејќи бабата која ја подготвувала патката за празничната вечера наместо зачин, во јадењето ставила марихуана. Таа ја користела марихуаната за медицински цели.

Во болница завршиле четворица возрасни, на возраст од 37 до 71 година и две деца, од 3 и 6 години.

Лекарите прво помислиле дека семејството се затруло со јаглен-моноксид. Но, откако ја пребарале куќата и утврдиле дека во куќата не истекувал гас, дознале дека патката што бабата ја подготвувала за вечера била зачинета со канабис. Таа единствено не се „затрула“ со канабисот бидејќи не седнала на масата да јаде, туку ги служела гостите.

Чешката полиција започнала кривична постапка против бабата заради „подготовка на недозволени дроги“.