СТИГНУВААТ РЕАКЦИИТЕ ЗА ТУРНЕЈАТА…: Македонска филхармонија во “Europe Times“

113

Најголемиот весник на кинески јазик во Европа – “Europe Times” објави специјален прилог за турнејата на Македонската филхармонија „7 концерти во 7 градови во Кина“ што се одржа од 26 декември до 8 јануари.

Како што посочува директорот на Филхармонијата Виктор Илиески, во прилогот се истакнува 25-годишнината од дипломатските односи помеѓу двете пријателски држави НР Кина и Р Македонија. Дел од прилогот е и изјавата на кинескиот пијанист Хају Жанг, кој беше солист на турнејата на Македонската филхармонија, а кој зборува за одличното ниво на македонскиот оркестар. Пијанистот Хају ќе има свој настап во Македонија на 5 април 2019.

Илиевски посочува дека нашата Филхармонија, пак, има добиено покана за голема турнеја во Кина и во 2019. Инаку, турнејата во Кина ја предводеше маестро Јерухам Шаровски од Израел, кој неколку години е чест гостин-диригент со Македонската филхармонија, а настапија и виртузите на кларинет, браќата Даниел и Александар Гурфинкел, познати како Дуо Гурфинкел, кои беа солисти и на Гала-новогодишниот концерт на Филхармонијата „Точно на полноќ“.