Дома МАКЕДОНИЈА Стејт Департмент: Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ...

Стејт Департмент: Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и ЕУ како Република Северна Македонија

7

Честитика попладнево упати и  американскиот Стејт департмент за изгласаните уставни амандмани.

,,САД  ја поздравуваат одлуката на македонскиот Парламент за усвојување на уставните амандмани потребни за ратификување на преспанскиот Договор со Грција. Македонските лидери покажаа визија , храброст и упорност во нивните напори за решение на проблемот со името , што ќе и овозможи на Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и во ЕУ како Република Северна Македонија. Соединетите Американски Држави ова го смета за историска можност за напредок на стабилноста , безбедноста и просперитетот во целиот регион.” , се наведува во соопштението , потпишано од државниот секретар Мајк Помпео.