Србија може да ни го украде златото на СП во Кина

2

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант, смета дека постојат големи шанси САД да остане без златен медал на претстојниот Мундобаскет во Кина.

Коби е назначен за „глобален амбасадор“ на ова Светско првенство, а во пресрет на денешната ждрепка на социјалните мрежи одговараше на прашања поставени од фановите.

  • Мислам дека Србија може да не победи. Секој секого може да победи на овој собор, затоа мораме да бидеме многу претпазливи и подготвени, бидејќи можеме да останеме без злато, изјави Брајант.

Ждрепката за Мундобаскетот е закажана за денеска, а за разлика од САД, Србија е во вториот шешир.

Светското првенство во Кина на програмата е од 31 август до 15 септември, а титулата ќе ја бранат САД.