Сите сакаат да бидат како сплитската Парис Хилтон

92

Марта Фернандеш, убавицата од Сплит и сопруга на фудбалерот Жуниор Фернандеш, со кого се запознала како студентка, денес живее бајковит живот. Тие се во брак од 2016 година и се горди родители на две деца, Матео и Адријан Матијас. Марта често на социјалните мрежи споделува луксузни моменти – од дизајнерски чанти како Луј Витон, Гучи, Шанел и Биркин, до патување со приватен авион и новиот Range Rover што го доби на подарок.

Нејзиниот сопруг порано играше за најтрофејниот хрватски клуб, Динамо од Загреб, а денес кариерата продолжува да ја гради во Турција. Меѓу подароците кои привлекоа внимание беше објавата во која Марта се пофали со својот нов Range Rover, подарок од нејзиниот сопруг – вистински симбол на луксуз кој совршено одговара на нејзиниот префинет начин на живот.

Познато е дека Марта е љубител на скапи чанти. Нејзината колекција е буквално мал музеј на модата, со чанти од престижни куќи како Луј Витон, Гучи, Шанел, Прада и секако, иконската чанта Биркин која е сон на секоја девојка или жена.

Овие скапоцени парчиња Марта често ги прикажува во опуштени, но внимателно стилизирани објави, нагласувајќи дека луксузот не е само прашање на престиж, туку и начин на живот.

Подради таквите објави на социјалните мрежи, но и поради нејзината убавина и појава, атрактивната Марта во хрватските медиуми е позната и како сплитската Парис Хилтон.