Познатата манекенка Хајди Клум го украде шоуто за време на Гран притоа во Лас Вегас, кога се појави без градник. Таа беше една од многуте познати личности кои се појавија за време на трката, но никој не привлече внимание како оваа 50-годишна Германка.
Тука беа и Ријана, Бред Пит, Дејвид Бекам и Парис Хилтон, но Клум веројатно беше вистинската ѕвезда на шоуто. Оваа 50-годишна жена беше топлес само во црна јакна и здолниште, а нејзината облека навистина привлече внимание и ретко кој можеше да одолее без да ја погледне.
Германката на својот инстаграм-профил сподели серија фотографии и видеа од посетата на трката, каде што ја следат речиси 12 милиони следбеници.
View this post on Instagram
Клум беше придружувана од нејзиниот 16 години помлад сопруг Том Каулиц, кој славната манекенка дефинитивно го стави во втор план.