Симон Попески го извади светиот крст од Преспанското Езеро

107

Симон Попески го извади светиот крст од водите на Преспанското Езеро што денеска напладне беше фрлен во Отешево.

Попески, кој има 28 години деветти пат скока по светиот крст, а прв пат го фаќа.

Во изјава за МИА тој посочи дека очекува среќна и успешна година, исполнета со здравје.

-Ова е голема радост за мене. Очекувам успех, бериќет и здравје во текот на целата година, рече Попески.