Холандскиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Чави Симонс, ќе мора да се врати во дресот на ПСЖ за време на летниот преоден рок. Офанзивниот играч за врска е во сопственост на францускиот гигант, но германските медиуми открија дека Симонс сака да го раскине договорот со „светците“ и да се пресели во редовите на каталонскиот гигант Барселона.