Се јави „жртвата“ на Сампаоли: Не сум готвачка, туку пејачка

2

Откако аргентинскиот стручњак Хорхе Сампаоли (58) беше обвинет за додворување на готвачката во репрезентативниот камп, приказната доби поинаков епилог.

Претседателот на Аргентинската федерација, Клаудот Тапиа, веднаш ги немантираше таквите шпекулации.

  • Верувам во неговата искреност. Имаме одличен однос со Сампаоли и знам дека не е таква личност. Тоа се лаги и злонамерни приказни. Велта дека сум го отпуштил, но тоа се само измислици, изјави Тапиа.

По оваа изјава се огалси и жената која се најде во центарот на скандалот.

  • Сакам да истакнам дека не сум готвачка, туку пејачка, а аргентинскиот тренер никогаш не ми се додворуваше! Тоа селфи беше направено по моја молба, а Сампаоли ми направи услуга и се фотографираше со мене во дворот пред еден хотел во Русија. Немојте да го искористувате мојот изглед и да велите дека сум готвачка, истакна јасно пејачката Мелисиа на својот „Твитер“ профил.

Фотографиите се направени за време на одморот на аргентинската репрезентација во Русија во ноември, кога двете селекции играа пријателски натпревар. Со оваа изјава на пејачката, се смири атмосферата во редовите на Аргентина.

Нивниот предводник не се интересира за готвачки, туку за пејачки…..