Се уреди дворот на градинката во пехчевското село Црник

5

Жителите на село Црник, општина Пехчево “мрднаа со прст” за реализација на работната акција “Заедно до поголеми детски насмевки”.

Шеесетина млади, деца и возрасни излегоа и активно се вклучија во акцијата на уредување на дворот пред детската градинка и поставување на детски реквизити.

– Акцијата беше поддржана од страна на НВО КХАМ од Делчево и општина Пехчево во рамки на иницијативата “Мрдни со прст” заедно со детската градинка “7-ми Септември” и има за цел цел да ја подигне јавната свест за различните можности кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи за приднонес кон специфични активности во рамки на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат индивидуално, но и колективно – вели Ромина Кајтазова од НВО КХАМ Делчево.