Се враќа бесплатната ужинка за првоодделенците

233

Со враќање на децата во училиште во новата школска година, Општина Ѓорче Петров ја враќа и бесплатната ужинка за првоодделенците, како и бесплатната еднодневна екскурзија за дечињата од одделенска настава, кои привремено беа укинати.

Како што информираат од Општината, трошоците ќе бидат покриени од нивна страна.

 – Младите се нашата иднина. Тие се секогаш наш приоритет – потенцираат општинските власти.