Сестрата на министерот Адеми се вработила во ЕЛЕМ на неопределено

112

Сестрата на министерот за култура Асаф Адеми се скрасила во ЕЛЕМ на неопределено време и тоа на почетокот на месецов.

Од ЕЛЕМ за „Телевизија 24“посочуваат дека месецов се вработени две женски лица во хидроцентралата „Маврово“ во Гостивар.

“На 3-ти февруари се склучени договорите. Лицето Хидајете Алили е вработена како референт во правна служба во гостиварската централа”.

Министерот Адеми за Телевизија 24 потврди дека името на неговата сестра се совпаѓа со името на вработена во централата, но не знае дали неговата сестра добила работа.

Претходно неговата сопруга доби и средства од Фондот за иновации. Пред тоа, сестрата на министерот за економија Крешник Бектеши доби работа во МЕПСО, а веќе вчера беше обелоденето дека баџанакот на собранискиот спикер Тапат Џафери, стана член на Антикорупциска комисија.