Секој денар се вложува во недвижнини, цените полудеа а становите одат како алва!

Купувањето недвижности е тренд на Балканот и сè уште се смета за најсигурна инвестиција. Но, инвеститорите да не се надеваат дека брзо ќе им се вратат парите. Многу станови стојат празни, а цените на кириите не растат. За разлика отпорано, кога повратот на инвестицијата беше за 6 до 7 години, сега вложените пари во стан се враќаат за 10 до 15 години. Причината за тоа е што цените на становите пораснаа за 70 до 90 отсто, а на кириите – за 20 до 30 отсто – изјави за весникот ВЕЧЕР Никола Велковски, градежен експерт. И од агенциите за недвижности велат, граѓаните да не се надеваат дека ќе паднат цените на становите, бидејќи секој денар настрана се вложува во недвижен имот

1965

И покрај високите цени, интересот за купување станови не се намалува. Од агенциите за недвижнини велат дека купувањето недвижности е тренд не само во Скопје туку и во регионот. Цената на квадратот се движи од 1.800 до 2.500 евра во Скопје, од 4.000 до 5.000 евра во Србија, од 3.000 до 4.000 евра во Црна Гора. Но, за разлика отпорано, кога повратот на инвестицијата беше за 6 до 7 години, сега вложените пари во стан се враќаат за 10 до 15 години. Според градежните експерти, причината за тоа е што цените на становите пораснаа за 70 до 90 отсто, а на кириите – за 20 до 30 отсто.

– Купувањето недвижности е тренд на Балканот и сè уште се смета како најсигурна инвестиција. Но, инвеститорите да не се надеваат дека брзо ќе им се вратат парите. Многу станови стојат празни, а цените на кириите не растат. За разлика отпорано, кога повратот на инвестицијата беше за 6 до 7 години, сега вложените пари во стан се враќаат за 10 до 15 години. Причината за тоа е што цените на становите пораснаа за 70 до 90 отсто, а на кириите – за 20 до 30 отсто – изјави за весникот ВЕЧЕР Никола Велковски, градежен експерт.

Тој додава дека поскапувањето на становите не е реално. Вели дека во бизнисот со градежништвото главни се инвеститорите, а не големите градежни компании, па нивниот основен мотив е – профитот.

– Цената нема да се симне воопшто. Сум сигурен, затоа што еднаш кога ќе се утврди цена во трговијата и ќе заживее меѓу купувачите, таа веќе не се спушта. А, сегашните цени не се воопшто одраз на поскапувањето на влезните материјали или на работната рака. Во суштина, има проблем со квалитетната работна рака, тука се покачуваат малку цените на работниците, ама тоа е далеку од ова што го диктираат тие како цена на завршен производ – вели Велковски.

И од агенциите за недвижности велат дека граѓаните да не се надеваат дека ќе паднат цените на становите, бидејќи секој денар настрана се вложува во недвижен имот.

– Побарувачката за нови станови е сè уште голема, особено во Скопје. Купувањето станови сè уште се смета за сигурна инвестиција, па затоа секој денар настрана се вложува во недвижности. Дури и да не се издава, цената на станот ќе порасне многу повеќе од каматата во банка. Цената нема да падне, напротив ќе оди нагоре, бидејќи ова е тренд и во регионот – велат за весникот ВЕЧЕР од една агенција за недвижности.

Оттаму додаваат дека, во последниве години, во Скопје дошле многу странци, кои, исто така, влијаеле на зголемувањето на побарувачката, а таа, пак, на цената.

– Најчесто купуваат оние на кои не им треба, односно оние што имаат по два- три стана и ја креваат цената. Така што, оние што имаат потреба, не може да дојдат до стан, бидејќи се намалува понудата на евтини станови – велат од агенциите.

Статистиката покажува дека во септември, градежните компании добиле 146 одобренија за градба на згради во кои планираат да изградат 755 стана со вкупна корисна површина од 67.372 м2. Повеќе од 75 милиони евра ќе бидат инвестирани во нивната изградба.

Најмногу од становите ќе се градат во Скопје, вкупно 290, од кои 185 ќе бидат во Општина Центар, а 90 во Аеродром. Од другите градови, 120 стана ќе се градат во Крива Паланка, 76 стана во Охрид , 72 во Дојран и 71 стан во Штип.

Податоците покажуваат дека од Вардарскиот Регион, ќе се градат само 3 стана во Велес, а во Пелагонискиот Регион 4 стана, од кои 3 во Битола и 1 во Струга.

(А.С.)