СДСМ: Иванов покажа дека е политичка дивоградба на Груевски и партиска марионета

12

Ѓорѓе Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина.Со денешните ставови Иванов самиот потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку партиска марионета на ВМРО-ДПМНЕ, политичка дивоградба на Никола Груевски, писмено информираат од СДСМ

-Цели 9 години Ѓорѓе Иванов не направи ништо за Македонија, не направи ништо за граѓаните.Молчеше за масовната партизација, за нападот на Собранието на 27 април, молчеше за притисоците кон медиумите, за апсења и затворања на новинари, за газењето на демократијата, човековите права и слободи.Иванов се јавува само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци, да штити насилници. Очигледно се уште е во функција на нивна одбрана, реагираат од СДСМ по официјалното  попладневно обраќање во јавноста на Иванов.

Ако било можно членството во ЕУ и НАТО без решение на спорот со Грција, како што денска тврдеше тој, зошто во изминтите 9 години Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не го постигнале тоа?

Договорот со кој се става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија наназад го заштитува и зацврстува македонскиот идентитет и обезбедува полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Обезбедување на македонската иднина и иднината на граѓаните е вистински патриотизам. Тоа е непознат термин за Иванов.
Граѓаните мора и ќе го имаат последниот збор, на референдум.
Доста беа децениски порази, време е за победи.
ДА, за македонската иднина! се вели во писменото соопштение на Социјалдемократски сојуз на Македонија .