Во ова зимско време, подготвувајќи се за скопскиот концерт, шармантната русокоса пејачка го минува времето во прекрасното топло Дубаи, полнејќи ги батериите за пеењето во Македонската филхармонија, со другарите од бендот. Во Дубаи, Сања е најмногу одушевена од Музејот на иднината
Сања Долежал, популарната пејачка од поп-групата „Нови фосили“, наскоро ќе дојде во Скопје, за целовечерен концерт со споменатиот бенд. Точниот датум сè уште не е утврден, но, како што стојат работите, концертот ќе се одржи кон крајот на март или на почетокот од април. Сања е омилена кај македонската публика, а дојде во „Нови фосили“ по смртта на претходната пејачка, познатата сплиќанка Ѓурѓица Барловиќ (најмногу ја паметиме по песната „Е, мој Саша“). Инаку, Сања има повеќе од 60 години и е самохрана мајка по смртта на својот сопруг. Таа е од ретките на естрадата за кои велат дека воопшто не им се забележуваат годините. Изгледа младешки, прекрасно!
Не требаше многу време за да ја освои публиката од Словенија до Македонија. Се редеа хитовите („Твоја кошуља плава“, „Још те волим“, „Валентино и Ренато“, „Моја Милена“, „Чујеш ли ме, јел ти драго“, „Добре девојке“, евровизискиот хит „Ја сам за плес“/„Јас сум за танц“…) Симпатичната Сања постојано собираше поени, искачувајќи се на самиот врв на тогашната југословенска естрада. Во ова зимско време, подготвувајќи се за скопскиот концерт, шармантната русокоса пејачка го минува времето во прекрасното топло Дубаи, полнејќи ги батериите за пеењето во Македонската филхармонија, со другарите од бендот. Во Дубаи, Сања е најмногу одушевена од Музејот на иднината. Таму, таа најчесто се фотографира со кучињата роботи и со сребреноцрвениот хуманоиден робот, нурнувајќи во најчудесните приказни. Нејзината одушевеност од архитектурата е видлива додека го нарекува музејот „една од најубавите згради во светот“.
Сања најде време да го посети и Абу Даби, па со задоволство се фотографираше пред џамијата „Шеик Зајед“, облечена во бел хиџаб, со ленен фустан, опишувајќи го сето тоа како неверојатно искуство. Поранешната пејачка доби голем број комплименти од своите обожаватели, особено за совршено избраната облека.
Пред да замине за Дубаи, каде што владее вечно лето, пејачката уживаше на снег, на планината Жумберак. Постојано беше насмеана, па во еден момент посака да се слика покрај наредени дрва за огрев. Испрати порака до обожавателите, велејќи дека тоа е една од нејзините најинтересни снежни зими, дома, во Хрватска. За неа, далеку поубави, поинтересни зими од оние во атрактивните скијачки центри во Австрија или Швајцарија. Д.М.