Сараевскиот градоначалник воодушевен од училиштето што се гради во Капиштец

4

„Училиште по сите стандарди и повеќе од тоа. Воодушевен сум од квалитетот на материјалите, распоредот на училниците, спортската сала, просторијата за ботаничка градина и специјално адаптираниот простор за деца со посебни потреби“, беше коментарот на градоначалникот на Општина Центар, Сараево Неџад Ајнаџиќ по посетата на новото училиште во Капиштец, кое ќе биде најголемото во регионот и единственото во земјата кое ќе направи инклузија на деца со посебни потреби”, на својот ФБ профил објави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.