Самостојна изложба на Стефан Димовски во МКЦ

5

Во галерискиот простор на Младинскиот културен центар во Скопје, утревечер (19 ноември) во 20 часот ќе биде отворена шестата самостојна изложба на македонскиот уметник Стефан Димовски.

На изложбата авторот ќе се претстави со триесетина дела создадени во комбинирана техника.

Димовски е роден 1983 во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995. Долгогодишниот престој во Франција му увозможува да воспостави контакти со познати акварелисти, и да ја усоврши акварелната техника до перфекција. Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.