Еден дел од шпанските медиуми ја пласираа и информацијата дека каталонскиот гигант Барселона подготвува примамлива понуда за египетскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Мохамед Салах. Искусниот напаѓач има уште 12 месеци од актуелниот договор, а се погласни се шпекулациите дека Салах планира да ја промени средината за време на летниот преоден рок.