Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона ги потврди пласираните шпекулации дека клупските челници со големо внимание ја следат ситуацијата околу египетскиот интернационалец од редовите на Ливерпул, Мохамед Салах. Искусниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а пред неколку дена изјави дека се уште не му е понудено никакво продолжување на соработката.