Русија со „петарда“ над Саудиска Арабија

8

Домнаќинот Русија на најубав можен начин го отвори 21. Светско првенство во фудбал, откако во премиерниот натпревар славеше над Саудиска Арабија со убедлини 5:0, меч кој се одигра на стадиотнот „Лужњики“.

Русија тргна агресовно кон противничкиот гол, особено опасни беа Џагоев и Зобнин, а таквиот пристап вроди со плод во 12. минута откако Јури Газински одлично реагираше на центаршутот на Зобнин и со глава го матираше Ал Муајуфа.

Сепак, молк на преполниот „Лужњики“ настапи кога се повреди еден од најдобрите играчи на домашниот тим, Алан Џагоев. Тој мораше да го напушти теренот во 24. минута, а на негово место во игра влезе Денис Черишец, кој во 43. минута одлично реагираше за удвојување на предноста (2:0).

Русите тргнаа во исто темпо и во второто полувреме, а во 71. минута Артем Џуба погоди за 3:0. Подоцна се беше лесно за домаќинот на Мундијалот, кој уште два пати ја затресе мрежата на противникот, прво преку Черишев во 91., а потоа и преку Головин во 94. минута од натпреварот.