Роналдо тврди дека во Јунајтед има само тројца врвни професионалци

1474
epa10291459 Manchester United's Cristiano Ronaldo reacts after the English Premier League soccer match between Aston Villa FC and Manchster United FC at Villa Park in Birmingham, Britain, 06 November 2022. EPA-EFE/PETER POWELL EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Кристијано Роналдо играше два мандати во Манчестер Јунајтед, но во последниот имаше многу проблеми и на крајот се раздели со клубот во ноември 2022 година по расправијата со тогашниот менаџер Ерик тен Хаг.

По Светското првенство во Катар, Роналдо даде неколку смели изјави во интервјуто за Пирс Морган и отворено го критикуваше Тен Хаг и сопствениците на Јунајтед. Недолго потоа, петкратниот освојувач на „Златната топка“ по вторпат го напушти Манчестер, а кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија, каде се уште игра за Ал-Наср.

Португалецот смета дека многу играчи на Јунајтед во тоа време не биле врвни професионалци, па во едно интервју открил дека биле само тројца.

„Морам да го споменам Диого Далот, тој е млад и многу професионален и не се сомневам дека ќе има долговечност во фудбалот“, изјави Роналдо кој го пофали својот сонародник, а потоа спомена уште двајца.

„Веројатно Лисандро Мартинез и Касемиро кој има 30 години“.

Далот игра на позицијата десен бек и оваа сезона има 13 настапи на кои постигна  еден гол. Иако има статус на стандарден првотимец под водство на Рубен Аморим, голем интерес за неговите услуги покажува шпанскиот гигант Реал (М).

Наводно, Јунајтед веќе бил контактиран од мадриѓаните, кои се подготвени да преговараат за засилување на десната бековска позиција, која им е очајно потребно по тешката повреда на Дани Карвахал.

Реал наводно нуди околу 50 милиони евра за играчот кој станува една од главните цели, иако се веруваше дека прва мета е Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, кој на лето станува слободен играч.

ИЗДВОЕНИ