Рехабилитиран патот Делчево-Ѕвегор-граничен премин

15

Завршија градежните работи за рехабилитација на патниот правец Делчево – Ѕвегор – граничен премин во должина од пет километри. На овој патен правец според изведувачот ГП „Гранит“ останува уште поставувањето на вертикалната и хоризонталната сигнализација.

– По овие активности и завршувањето на рехабилитацијата на патниот правец Делчево – Пехчево, која е во тек,  ќе почне рехабилитацијата на транзитниот булевар А3 од меѓународниот пат Делчево – граничен премин. Планирана е рехабилитација на двете коловозни ленти, односно од бензиската пумпа на влезот во Делчево до клучката со патниот правец за Берово – информираат од ГП „Гранит“.

Двата проекта се реализираат со поддршка од Светска банка, каде оваа година се предвидени средства и за реконструкција на 11 километри на регионалниот пат Берово – Виница.