Кинеската економија во ланскиот четврти квартал порасна за 6,4 отсто на годишно ниво, што е најбавно од светската финансиска криза во 2009, додека во целата мината година растот бил најбавен во последните 28 години.
Податоците на кинескиот завод за статистика, објавени денеска, покажуваат дека во изминатото тромесечие растот на бруто домашниот производ (БДП) на годишно ниво е забавен во однос на претходниот квартал, кога изнесувал 6,5 отсто.
Поради тоа во цела 2018 година растот на економијата е забавен за 6,8 отсто, колку што избесувал во 2017, на 6,6 отсто, што е најниска стапка на раст од 1990 година.
Тоа е последица од трговската војна со САД, забавувањето на растот на инвестициите, но и слабеењето на домашната и странската побарувачка.