Путин е закон и во репрезентацијата

2

Што ќе направите ако по победа од 5:0 на старт на едно СП добиете повик од вашиот претседател? Рускиот селектор Станислав Черчесов не се двоумеше и во сред пресконференција стана за да добие повик од Владимир Путин.

Селекцијата на Черчесов и покрај сите критики имаше добар старт на Мундијалот, победувајќи ги Саудиска Арабија со 5:0, најмногу благодарение на одличната игра на Денис Черишев.

Кога двајцата беа на прес-конференцијата, Черчесов доби повик и стана од масата.

  • Тоа беше нашиот претседател. Побара да ја споделам благодарноста со тимот за перформансите кои ги покажаа и побара од мене да продолжиме да играме вака, изјави
    Черчесов.

За Русија ова беше прва победа по седум меча, и селекторот ги отфрли тврдењата дека тие намерно не ја покажувале вистинската сила во подготвителните натпревари.

  • Да се залажат толку луѓе е тешко, дури за такви мајстори какви што се моите играчи. Не лажевме никого, ја вршевме нашата работа и имавме план. Да не се занесуваме. Има уште мечеви пред нас, додаде рускиот селектор.