Против студената и мрачна зима – магично и потопло е со Фестивалот на светлата во Данска/ВИДЕО

88
Фото: Twitter

Во Копенхаген трет пат по ред се одржува Фестивалот на светлата. Поставени се околу 60 уметнички, светлосни инсталации низ целиот град, а градските власти се надеваат дека ќе привлечат повеќе посетители од минатата година. Фестивалот трае до 23-ти февруари.

Престолнината на Данска е можеби студена и мрачна во текот на зимските месеци, но со помош на фестивалот “Зима во Тиволи” се е пошарено и потопло. Инсталациите се изградени само од одрлживи светла, а се користат исклучиво обновливи извори на енергија.

Меѓу атрактивните светлосни уметнички трудови има и лизгалиште на чиј кров има 100.000 мали еко сијалици. Посебна атракција прават магнетите поставени под мразот кои произведуваат светлосни ефекти за време на лизгањето.

“Сакаме да претставиме нешто ново. Светло во темнина во текот на зимските месеци, но и да го поврземе паркот Тиволи со другите делови на Копенхаген со ласерски зраци на небото. Првиот пат практично целиот град беше вклучен во фестивалот”, вели Јеспер Конгхаус, кустос на Фестивалот на светлата во Копенхаген.

Посебно внимание привлекува и инсталацијата на уметникот кој искористил 11 диви лебеди од бајката на Андерсон. Светлосното шоу раскажува драматична приказна од нордиската митологија и минатото, исполнета со борби и драма.

“Оваа година се обидуваме да додадеме уметничка димензија на фестивалот. Повикавме уметници да ја осмислат внатрешноста на паркот Тиволи, да донесат свои уметнички дела базирани на светлина. Тоа функционира одлично”, додал Конгхаус.

И посетителите од целиот свет се задоволни. Во текот на фестивалот трае и еднонеделен одмор кој се вика “зимска пауза”. До крајот на месецот ќе бидат организирани разни манифестации, како трка со светилки.