Протестен марш за полицаецот кој беше осуден на 1 година затвор заради прекумерна употреба сила против Невзат Јашаровски

193

Граѓани заедно со независниот полициски синдикат со протестен марш застанаа во одбрана на битолскиот полицаец  Гоце Петковски  кој Кривичниот  суд во Скопје  го осуди на една година затвор за прекумерна употреба на сила во случајот на  Невзад Јашаровски од Битола.

Колегите и учесниците во протестот сметаат дека казната е превисока и бараат правда за Петковски.

-Сето тоа што се случуваше, сето што го видовме на снимки, говори дека само  ослободителна пресуда е пресуда која ќе биде правична и Гоце ќе треба да си продолжи со работа и да ги штити граѓаните, рече Гоце Делчев Тодев, претседател на Независниот полициски синдикат.

-Со ваквата пресуда  и изречената драконска казна се доведува во опасност моментот на идните интервенции на полицијата, се доведува во прашање иднината не само на Гоце Петковски како човек и полицаец туку на сите полициски службеници на кои веќе им е изречена слична казна и оние кои чекаат судска разрешница за истите обвиненија рече претседател на синдикалната полициска организација, Никола Кирковски, објави Телма.