Притвор и за возачот на автобусот на „Дурмо турс“ кој се преврте кај село Ласкарци

2

Судија на претходна постапка му одреди притвор и на возачот на автобусот кој се преврте кај селото Ласкарци на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари, при што загинаа 15 патници, а една патничка уште се бори за живот.

Пред тоа судијата му одреди мерка притвор и на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ кој е првоосомничен во истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје.  Мерка притвор е одредена и за второосомничениот во истрагата – раководителот на компанијата. Двајцата дозволиле автобусот да превезува патници иако знаеле дека сопирачките се неисправни, а раководителот инсталирал и уред со кој се манипулирал тахометарот односно не ја покажувал вистинската брзина на движење.

Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје Сашо Рајчев рече дека причина за сообраќајната несреќа е неисправност на сопирачките на автобусот и брзината со која возел возачот на автобусот, а била над дозволената од 80 километри на час.