Како што информираше Милорад Димитријевски, еден од сопствениците на „Макекпрес“ за ВЕЧЕР, на протестот уште еднаш ќе си ги побараат средствата што им ги должи ова јавно претпријатие.
– Приватните превозници, заедно со колегите од „Слобода превоз“ се договориле да се собрат пред Управната зграда на ЈСП и да побараат средба со дирекорот Александар Стојковски за исплата на сумата што ова претпријатие им ја должи на приватните превозници – изјави Димитријевски
Приватните превозници не се откажуваат и си ги бараат парите што Град Скопје и ЈСП им ги должат додека возеа на линии во градскиот превоз. Тие утре во 9 часот ќе протестираат пред седиштето на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда.
Како што информираше Милорад Димитријевски, еден од сопствениците на „Макекпрес“ за ВЕЧЕР, на протестот уште еднаш ќе си ги побараат средствата што им ги должи ова јавно претпријатие.
– Приватните превозници, заедно со колегите од „Слобода превоз“ се договориле да се собрат пред Управната зграда на ЈСП и да побараат средба со дирекорот Александар Стојковски за исплата на сумата што ова претпријатие им ја должи на приватните превозници – изјави Димитријевски.
Тој додаде дека минатата недела на „Слобода превоз“ им биле префрлени само 5.000 денари, а по кој основ не знаеше да каже, додека на „Макекспрес“ од 02.11.2022 година кога било последното исплаќање не им било даден ниту денар.
Димитријевски вели дека контролата од УЈП во нивното претпријатие утврдила дека ЈСП им должи 29.590.000 денари. Како што претходно изјави Ленин Јoвановски, директор на „Слобода превоз“ и контролата на УЈП кај нив полажала оти ЈСП им должи и ним над милион евра, иако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврдеше оти немаат долг кон ЈСП.
Град Скопје објави два јавни огласи за пакет линии во јавниот градски превоз, откако го раскина договорот со приватните превозници, кои го блокираа центарот на Скопје барајќи Градот и ЈСП да им го исплатат долгот од 1,5 милиони евра.
И на двата огласи, не се пријави ниту еден заинтересиран.
Во моментов, јавниот градски превоз го врши само ЈСП со многу помалку автобуси отколку што му се потребни на градот. За да биде хендикепот поголем, советниците не ја изгласаа предлог-одлуката за домашно задолжување на Град Скопје за забавка на еко-автобуси и со тоа и оневозможија на Арсовска да го обнови возниот парк на ЈСП.
(А.П.)