Македонците ќе можат да го истражат и да летуваат на Кипар. Оваа дестинација од ова лето им е подостапна и поблиска со првиот директен чартер лет до Кипар, поточно до Ларнака. Иницијативата за воведување чартер лет ја покренаа неколку туристички агенции, а до Кипар ќе се лета еднаш неделно започнувајќи од 20 јуни до до 22 август 2023 година. Најевтион аранжман ќе чини околу 600 евра, а во понудите ќе бидат вклучени хотели од 2 до 5 ѕвездички.
-Возбудени сме што можеме да го пречекаме новиот чартер лет од Скопје до Ларнака. Кипар отсекогаш бил топ туристичка дестинација, а овој нов лет несомнено ќе донесе повеќе посетители на нашиот прекрасен остров. Уверени сме дека оваа нова соработка ќе има значително влијание за нашата туристичка индустрија, изјави Џорџ Минас, директор за развој на пазарот од Одделот за меѓународни односи на Кипар, од Министерство за туризам.
Тој додаде дека има многу интересни места кои можат да се постата во Кипар. Има убави плажи, богат ноќен живот, забави, висок квалитет на услуга во хотелите и рестораните….
-За прв пат вклучивме седум ноќевања и осумдневна пакет летен одмор во висина од 588 евра по лице до Кипар со наша сопствена чартер програма. Чартер програмата вклучува лет, сместување и трансфер и трансфер до местото на престојување. Нашиот лет ќе поаѓа еднаш неделно, почнувајќи од 20 јуни 2023 година. Уверени сме дека овој нов чартер лет на патниците ќе им понуди неверојатна можност да ја истражат убавината на Кипар, изјави Елизабета Кочева Јосифовска, претставник на туристичките агенции.
Изботот на хотели е голем. Има хотели од 2 до 5 ѕвезди кои работат all inclusive, полупансион, како и други опции. Во понудата се вклучени поголемите туристички места во Кипар.
-Ние се надеваме дека ќе имаме полн авион, а ако има интерес догодина се надеваме дека ќе има два пати неделно чартер, изјави Кочева Јосифовска.
Летот од Скопје до Ларнака, Кипар трае околу три часа, а патниците и љубителите на летниот одмор ќе патуваат со Balkan Holiday Air, водечка авиокомпанија во регионот.
(А.С.)