ПО 27. ПАТ: Почнаа подготовките за Бадник 2019

6

Почнуваат подготовките за традиционалната прослава на Бадник во Скопје. Скопјани и годинава, 27. пат. во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“, ќе им се радуваат на бадникарските свечености.

– Направени се сите подготовки за успешно одвивање на манифестацијата, која наиде на поддршка кај скопјани, информираат организаторите.

На 12 декември пред новинарите ќе бидат претставени кумот и здравичарот за Бадник 2019 (општина Центар).

Традиционално, на 23-ти, претпоследната недела во декември, од падините на Водно на скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Кумот за Бадник 2019 со пајтон ќе замине со преодниот ќуп кога ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.