По повод Денот на државноста и Денот на војската на Република Србија: Зона Замфирова запеа и заигра во МНТ и ја одушеви македонската публика

181

“Посебно ни е задоволство ваквите значајни празници свечено да ги одбележуваме меѓу пријателите со кои не поврзува повеќевековен соживот на овие простори, но и подударни стратешки цели и интереси – живот во демократска заедница на рамноправни развиени држави, без граници кои не делат“, изјави Н.Е. амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, Душанка Дивјак-Томиќ, на свечениот прием во Македонскиот народен театар во Скопје

Со мјузиклот “Зона Замфирова“, хит на Театарот Теразије од Белград, кој премиерно беше одигран вчеравечер, на сцената на Македонскиот народен театар, како и со свечениот прием, на кој присуствуваа високите претставници од државниот и воениот врв, како и претставници од стопанскиот и културниот живот од двете држави, Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија го одбележа Денот на државноста и Денот на војската на Република Србија.

“Особено ни е задоволство ваквите значајни празници свечено да ги одбележуваме меѓу пријателите со кои не поврзува повеќевековен соживот на овие простори, но и подударни стратешки цели и интереси – живот во демократска заедница на рамноправни развиени држави, без граници кои не делат. Тој пат не е поплочен само со убави желби туку и со сериозна работа и многу предизвици. Сето тоа дополнително не мотивира и не упатува едни на други“, изјави Н.Е.амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија Душанка Дивјак-Томиќ на свечениот прием во Македонскиот народен театар во Скопје. Таа посочи дека токму со културната програма, мјузиклот “Зона Замфирова“, на македонскиот народ симболично му се доловува времето во минатото и актуелниот момент на Србија.

 

“Се надевам дека со ова кратко патувањепреку нејзината културна разновидност ќе може да ја осетите и топлината на душата на нашиот народ“, додаде амбасадорката Дивјак Томиќ.

Со оглед на смеата, аплаузот во текот на претставата и овациите на крајот на овој трочасовен музички спектакл, македонската публика, но и сите присутни во салата, уживаа во одличниот сценски настап на театарскиот ансамбл од Белград.


Мјузиклот е според најпознатото дело на Стеван Сремац, а во режија на Кокан Младеновиќ. Во претставата главните улоги ги толкуваа одличните: Александар Вучковиќ, како Манасије, Мане, златар; во улогата на Зона Хаџи Замфирова ја видовме Ивана Поповиќ; Хаџи Замфир, чорбаџија го играше Небојша Дугалиќ; Дока, стројничка, тетка на Мане-Даница Максимовиќ; Манулаќ, Нишлија со Европски манири го играше Слободан Стефановиќ; Јевда, мајката на Мане е Маја Новељиќ; Чорбаџи Таса, вујкото на Мане -Десимир Станојевиќ, Таска, тетката на Зоне -Ивана Кнежевиќ…

Композитор на мјузиклот е Марко Грубиќ, а текстот и сонговите се на Кокан Младеновиќ.