ПО НЕСРЕЌАТА ВО ЕТИОПИЈА: „Боинг 737″ не смее да лета над нашата држава

2

Сите прелети на македонското небо, слетувања и полетувања на двата македонски аеродрома на авионите од типот „Боинг 737 Макс 8# и „Боинг 737 макс 9# се забранети на неоределено време.

Оваа одлука ја донесе Агенцијата на цивилно воздухополвство, почитувајќи ја директивата на Меѓународното здружение за воздушен превоз – ИАТА, која упатува на тоа. Вакви одлуки донесоа и соседните држави, па авионите од типот „Боинг 737# сега не летаат над целиот регион.

Претходно, речиси сите земји во светот, а меѓу последните, пред два дена и САД и Канада ги приземјија овие авиони.
Причина за ова е неодамнешната несреќа на „Боинг 737 Макс 8# во Етиопија, во која загинаа сите 157 патници и членови на екипажот. Алармот се вклучи поради тоа што оваа несреќа која се случи неделава е втора во кус период, откако авион од истиот тип во октомври лани се урна и во Индонезија, при што загинаа сите 189 патници и членови на екипажот.

Според светските медиуми и агенции, сателитските податоци укажувале на тоа дека и двете несреќи биле слични, а уште пред да се случат, пилоти кои управувале со вакви авиони се жалеле на проблеми при полетувањето.

Можноста двата типа авиони „Боинг 737# да летаат е исклучена не само затоа што се приземјени и имаат забрана во поголемиот дел од светот, туку и затоа што компанијата „Боинг# која ги произведува најави дека ќе ја суспендира целата флота со сите 371 авион.

(С.В.)