Во Прилеп почна новогодишното украсување на центарот на градот. Елката е веќе украсена и поставена на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, а започна и украсувањето на градскиот булевар „Гоце Делчев”.

Градските власти најавуваат богата предновогодишна и програма за пречекот на Новата 2025 година. Граѓаните очекуваат новитети и поубава празнична приказна во центарот на градот. Мислењето е дека градот треба да биде украсен, но со оглед на тоа дека се трошат народни пари, фирмата изведувач би било добро да воведува нови работи секоја година.

Прилеп ги завршува и подготовките за градската слава Свети Никола, на 19 декември, а вчера почна и традиционалниот турнир во мал фудбал што е дел од активностите за прославата.

ИЗДВОЕНИ