Почна изградбата на втор резервоар за вода во Лабуништа

17

Почна изградбата на втор резервоар за вода за пиење во селото Лабуништа со капацитет од 700 метри кубни. За реализација на овој проект, општина Струга издвои околу осум милиони денари, а останатите околу четири милиони денари се инвестиција на Министерството за животна средина и просторно планирање.

На поставувањето на камен темелникот за изградба на резервоарот денеска присуствуваа градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко, шефот на Кабинет Дашмир Насуфи, пратеникот Агим Шаќири и други функционери од централната и локалната власт.

Ова, како што појасни градоначалникот Мерко, е втор резервоар за вода во Лабуништа, кој целосно ќе ги задоволи потребите со чиста вода за пиење на жителите во ова село.

– Ова е само почеток. Општината ќе продолжи со реализација на нови проекти во Лабуништа, но и во другите населени места. Ќе се потрудиме да ги задоволиме потребите на населението за подобар и поудобен живот во општина Струга, истакна Мерко.

Градежните работи, најави, ќе ги изведува фирмата ЕРР-КОП од Лабуништа. Изведувачот досега работеше на проширување на патот за полесна и побезбедна проодност до местото каде ќе биде резорвоарот за вода.

Во рамки на посетата на Лабуништа градоначалникот изврши увид и на градежните работи на спортската сала во селото, каде е ставена подлогата, а од утре треба да почне поставувањето на железните столбови за градба