Почина 5-годишно девојче на Детската клиника во Скопје

243

Петгодишно девојче починало од менингитис на Клиниката за детски болести во Скопје.

Според информациите од Клиниката, девојчето од Скопје кај нив било хоспитализирано пред две недели поради силна главоболка.

Најпрвин било лекувано на одделот за неврологија, но минатата недела состојба ѝ се влошила и ја префрлиле на одделот за интензивна нега каде ѝ била направена и интубација, но, како што велат од Клиниката, и покрај сите напори на медицинскиот кадар не успеале да го спасат детето кое развило менинго-енцефалит, а пред два починало.

Од ДСЗИ информираат дека и за овој случај ќе извршат вонреден инспекциски надзор, по што ќе ја информираат јавноста за фактичката состојба околу третманот на детето.

За еден месец ова е трет смртен случај на дете на Клиниката за детски болести.