Постигнат договор меѓу Заев и Беса, пратениците се собираат за гласање

13

Постигнат е договор помеѓу Беса и премиерот Зоран Заев, потврдија за медиумите  од партијата на Билал Касами.

Засега нема детали што е компромисното решение, но ова значи дека набрзо претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја продолжи седницата за уставните измени.