Поскапе паркингот на Скопскиот аеродром

2327

Од 1 јануари поскапе паркингот на Скопскиот аеродром. За 50 денари поскапе  паркирање на аеродромот над три часа, односно од 250 на 300 денари, 400 денари чини паркирање од 4 до 6 часа, 500 денари од 6 до 8 часа, а 1.000 наместо 850 денари чини паркирањето од 8 до 24 часа.

За 1.000 денари поскапе паркирањето на неколку дена, па така од три до пет дена паркирањето сега чини 3.500 денари, од пет до седум дена 4.500 денари, а за секој нареден ден се наплаќа по 400 денари.

Затоа, пак, како што информираа од концесионерот „ТАВ Македонија“, остануваат истите цени од 100 денари за еден час, 150 денари за два часа и 200 денари за три часа. И понатаму останува бесплатно паркирање од 10 минути пред терминалната зграда, каде што е овозможено кратко застанување за испраќање и пречекување патници. Ако возилото се задржи повеќе од 10 минути се плаќа билет од 500 денари.

На Меѓународниот аеродром Скопје има 1.200 обележани места за паркирање автомобили и шест обележани места за автобуси. Плаќањето за паркинг услугите се врши преку автоматски машини.