Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсл ќе предава на Државниот универзитет Есенин во Разањ во Русија, најави привремениот декан Дмитриј Боков.
„Денеска австриската функционерка, новинарка и политичарка, поранешна министерка за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсл го посети нашиот универзитет. Во текот на нејзината посета на Државниот универзитет Есенин постигнавме договор: Карин Кнајсл ќе предава овде“, соопшти Боков, пренесува руската државна новинска агенција TASS.