Популарната фолк-пејачка си доби зет, а свадба ќе биде догодина!

22

Новата година убаво започна со убава вест. Теона Спасовска ќерката на една од нашите најпопуларни пејачки Сузана Спасовска наскоро ќе се мажи! Ќерката на македонската фолк-дива  Сузана Спасовска, објави пост на својот фејсбук профил во кој напиша:„Реков „ДА“, на мојот роденден“!

Избраникот на Теона е Виктор Велковски со кого подолг период е во емотивна врска. Теона во меѓувреме заврши факултет и успешно смени неколку фирми. Девојче за пример! Секоја свекрва би ја посакала за снаа. Теона не тргнала по естрадниот пат на својата популарна мајка, не пее, но само еднаш Теона ја видовме во спотот со мама Сузана за песната “Дали знаеш ти”….. Честитки од “Вечер”/vecer.press   Д.М.