Помошни огради за повозрасни и луѓе со тешкотии во движење се поставени на пристапните патеки во паркот на Револуцијата во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречката локална самоуправа, со цел безбедно и непречено движење.
Исти вакви ќе бидат поставени уште на две локации во градот. Ова е донација од компанијата ,,Кожувчанка” во соработка со јавното претпријатие ,,Комуналец”, соопштија од Општината.
Оттаму додадоа дека во завршна фаза е детското игралиште на улицата ,,Калница”.
– Тоа е со нова гумена подлога и оградување, а денес се поставуваат репарирани и нови детски реквизити. Изведувач е ,,Бетон Груп М и М”, а инвестицијата чини 840.000 денари, информираа од локалната самоуправа.