Полицијата побара ДНК-примерок од Роналдо

11

Полицијата во Лас Вегас и официјално побара ДНК-примерок од португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо, кој треба да послужи при истрагата која се води околу инцидентот кој се случи во тој град во 2009 година.

Кетрин Мајорга го обвини фудбалерот на италијанскиот калчо гигант Јувентус, дека ја има силувано во хотелската соба во 2009 година. Португалецот веднаш ги негираше сите обвинувања преку својот адвокат кој најави тужба.

  • Роналдо постојано повторува, а истото го тврди и денеска, дека се тоа што се има случено во хотелската соба во Лас Вегас било претходно договорено. Нема никакво изненадување околу барањето за ДНК-примерок. Станува збор за стандардна процедура при ваквите случаи, изјави за Би-Би-Си адвокатот на Роналдо, Питер С. Кристиансен.

Германскиот весник “Дер Шпигел” прв ја објави веста дека Мајорга го обвинува Роналдо за силување иако во 2010 година девојката се договорила со Португалецот дека нема да го обвини доколку добие парична компензација од 375.000 долари. Адвокатот на Роналдо ги потврди таквите трвдења, но додаде дека на тој начин неговиот клиент не признал дека ја има силувано Мајорга во 2009 година.