Политичките и биснис лидери на форум во Давос, отсуствуваат голем број клучни лидери

70

Светските политички и бизнис лидери се собираат во швајцарскиот град Давос оваа недела за да разгледаат каква политика ќе следат соочени со опасностите предизвикани од забавениот економски раст.

Светскиот економски форум ќе трае до 25 јануари.

Основната тема е глобализацијата во перидот на четвртата индустриска револуција, но организаторите ќе одделат внимание и за признаците на нова светска криза. Тие ги сметаат за главен ризик за светската заедница во 2019 година растечките тензии во геополитиката и во економијата.

Се очекува во работата на форумот да земат учество над 3.000 луѓе, меѓу кои и над 100 претседатели или шефови на влади и раководители на илјадници компании.

Многумина политички лидери нема да присуствуваат – американскиот претсеател Доналд Трамп, францускиот претседател Емануел Макрон како и рускиот претседател Владимир Путин.

Форумот во Давос е годишна средба на претставници на политичката и бизнис елита. Од 80-те години на минатиот век има статус на еден од главните годишни настани. Освен политичари и бизнисмени во дискусиите учествуваат и претставници на општествени органзиации, научници, претставници од културата и шефови на медиуми.