Познатиот пластичен хирург го тужи Кристијано Роналдо

112
epa10210490 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts during the UEFA Nations League soccer match between Portugal and Spain at the Municipal stadium in Braga, Portugal, 27 September 2022. EPA-EFE/HUGO DELGADO

Најтиражниот англиски таблоид „The ​​Sun“ откри како познатиот британски пластичен хирург, Рошан Равиндран, го тужел најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, Кристијано Роналдо!

Равиндран го тужеше легендарниот Португалец за наводен долг од околу 40 илјади фунти, што е околу 48 илјади евра. Според Равиндран, кој на островот е познат и како др. Рос, ѕвездата на Ал Наср му должи за третмани во 2021 и 2022 година.

Поранешниот кардиолог, сега е познат по тоа дека е пластичен хирург и совршен доктор кога е во прашање ботоксот, филерите, негата на кожата и кревањето веѓи.

Докторот не посочи кој друг ги користи неговите услуги, не спомна ниту други луѓе, но откри дека работел за Кристијано Роналдо и неговото семејство.

Равиндран даде изјава за „The Sun“ каде посочи дека правниот процес е во тек.

„Правниот процес е во тек, а јас како професионалец не можам да ги откријам деталите за моите пациенти, се ќе се знае кога ќе дојде време“, изјави д-р. Рос.

Моментално Роналдо заработува над 200 милиони евра годишно во Саудиска Арабија, па ако воопшто е вистинита оваа тужба, веројатно може многу лесно да ја „исплати“.

Сепак, останува прашањето дали тоа ќе го посака Португалецот и дали оваа тужба е воопшто реална. Исто така, Португалецот сега заработува многу приходи преку платформата YouTube, каде што има најбрзо растечкиот канал во светот.

ИЗДВОЕНИ