Подзаборавен, ама дефинитивно е најдобриот чај за смирување на кашлица и болки во грлото

863

Оваа напивка со векови се користи како средство за ублажување на кашлица и болки во грлото.

Сезоната на вирусни и бактериски инфекции, кои со себе носат многу непријатни нуспојави, како што е болката во грлото е тука.

Поради болки во грлото, многу луѓе прво ќе побараат помош во аптека и ќе посегнат по пастили или спрејови, но има и многу кои се поддржувачи на домашните методи за санирање на споменатиот здравствен проблем.

Ако сте меѓу вторите, тогаш треба да се запознаете со сите придобивки од бел слез.

Белиот слез или питом слез (лат. Althaea officinalis) е повеќегодишно растение од семејството на слезови кое може да порасне и до 150 сантиметри во висина.

Латинското име на растението се однесува на неговите лековити својства.

Имено, белиот слез припаѓа на родот Althaea, чие име доаѓа од зборовите althainein (лечи) и althos (медицински агенс).

Најлековитиот дел од белиот слез е неговиот корен од кој се прави чај. Овој напиток со векови се користи како средство за ублажување на болки во грлото, а помага и за последиците од бронхитис и разни белодробни заболувања.

Студија од 2019 година покажа дека коренот на бел слез може да понуди брзо ослободување од симптомите поврзани со респираторните состојби. Тоа е затоа што коренот од бел слез помага да се изгради заштитна обвивка што ги обложува мукозните мембрани на устата и грлото, намалувајќи ја иритацијата и отокот.

Може да ги намали и симптомите на сува и иритирачка кашлица.

Неговиот корен ослободува акумулирана слуз во носот, грлото и белите дробови за полесно да се кашла.

Поради оваа причина, чајот од бел слез се препорачува како природен лек за болки во грлото, пишува порталот Крени Здраво, кој дава и рецепт за чајот.

Состојки за чај од бел слез:

– Две лажици сув корен од бел слез прелијте ги со 2,5 дцл млака или ладна вода.
– Оставете да отстои барем еден, идеално два часа, за да се формира доволно слуз.
– После тоа малку загрејте го чајот. По желба можете да додадете мед.

Несакани ефекти

Малку е веројатно дека коренот на бел слез ќе предизвика несакани ефекти кога се користи правилно. Повеќето истражувања покажуваат дека луѓето имаат многу низок ризик од несакани реакции. Меѓутоа, во ретки случаи, луѓето може да бидат алергични на коренот на бел слез. За да се провери дали постои алергија на кожата, може да се нанесе мала количина корен од бел слез на внатрешниот дел од лактот. Ако не се појави реакција во рок од 24 часа, може да се користи на други области на кожата.

ИЗДВОЕНИ