По денешното променливо време, со повремени локални врнежи, но и со нешто пониски температури за разлика од вчера, веќе утре, како и за време на викендот во Македонија ја очекуваме конечната стабилизација на времето. Што значи дека утре, како и за време на викендот времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а не се исклучува можноста да има и сосема мали исклучоси, со ретка појава на сосема краткотраен дожд и ретки грмежи (ништо сериозно).
Во Скопје и околината очекуваме слично време. Претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, како и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени, а уште потопло ќе биде во недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени.
Уживајте во пролетното топло и претежно стабилно и суво време за викендот кој доаѓа.