НЛБ Банка од денеска за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. Станува збор за две иновативни платежни решенија „Плати на пријател“ и „Подели сметка“ кои на клиентите им овозможуваат да префрлат средства или да поделат сметка со своите пријатели, едноставно само со избирање на контакт од нивниот телефонски именик.
- ПЛАТИ НА ПРИЈАТЕЛ – Брзо и едноставно префрлување на средства на сметката на Вашиот пријател, само со избор на неговиот контакт кој го имате во телефонскиот именик.
- ПОДЕЛИ СМЕТКА – Лесно делење на вкупниот износ за плаќање со Вашите пријатели само со избор на нивните контакти од Вашиот телефонски именик.