Плата од само 5 денари и регрес за годишен одмор од еден денар, во државата сè уште има несовесни газди

Неисплатени плати, надоместоци, додатоци и придонеси од плата се само дел од повредите на работничките права со кои се соочуваат работниците во Македонија. И покрај недостигот на работна сила во земјава и на глобално ниво, во државава сè уште има газди што во 2023 година исплатиле плата од само 5 или 10 денари и регрес за годишен одмор од 1, 10 или 20 денари. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека сè уште има работодавци што, по разни основи, ги кршат правата на своите вработени. Според информациите од ССМ, во текот на 2023 година биле евидентирани 10.534 обраќања, по разни основи, за заштита на правата од работниот однос.

2066

Неисплатени плати, надоместоци, додатоци и придонеси од плата се само дел од повредите на работничките права со кои се соочуваат работниците во Македонија. И покрај недостигот на работна сила во земјава и на глобално ниво, во државата сè уште има газди што во 2023 година исплатиле плата од само 5 или 10 денари и регрес за годишен одмор од 1, 10 или 20 денари. Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека сè уште има работодавци што, по разни основи, ги кршат правата на своите вработени.

Според информациите од ССМ, во текот на 2023 година биле евидентирани 10.534 обраќања, по разни основи, за заштита на правата од работниот однос. Oд вкупниот број обраќања, 64 отсто се жалби и приговори, 7 отсто барања, а 29 отсто прекршоци.

– Најголемиот број обраќања се по основ на неисплатена плата, надоместоци, додатоци и придонеси од плата. Вкупно 3.822 се за неисплатен регрес за годишен одмор. Вкупно 2.655 работници, од кои две компании се од јавниот сектор, а 41 компанија од приватниот сектор. За прекувремена работа, вкупно 1.188 работници се пожалиле дека не добиле дополнителни средства на плата. Овие податоци се однесуваат за цела 2023 година, меѓутоа во делот на неисплатениот регрес имало и работодавци што исплатиле понизок износ од законски минималниот. Во најголемиот дел од пријавите станува збор за несиндикално организирани работници – велат од ССМ за весникот ВЕЧЕР.

Од Синдикатот појаснуваат дека бројот на побарана согласност за понизок износ на исплата на регресот од година на година е сè помал и бројот на работници на кои им било побарано да го вратат регресот, исто така, повеќе не е дел од пријавите во ССМ.

Од Државниот инспекторат за труд потврдуваат дека годинава има намалување на изречени инспекциски мерки по основ на неисплатен К-15 и оти расте бројот на работници што се охрабруваат и го пријавуваат својот работодавец, кој не ги почитува нивните правата.

И годинава, некои фирми исплатиле по 1, 10 или 20 денари на име регрес за годишен одмор, поради неутврден минимален износ на К-15. Во 2023 година биле извршени 1.404 надзори, од кои биле поднесени 315 решенија за неисплатен регрес за годишен одмор, а биле изречени само 8 прекршочни платни налози.

Според директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, во делот на исплатата на К-15, со спогодбата од 2015 година им се овозможи на фирмите што имаат финансиски тешкотии, да можат да исплатат понизок износ на регрес за годишен одмор од утврдениот. Поради тоа што е не утврден минималниот износ, како што рече, се прават разни малверзации од работодавците, односно се исплаќа К-15 од 1, 10 или 20 денари.

– Ова е проблем и за инспекторите, бидејќи нема законски утврден минимален износ на К-15. Исто така, не е дефинирана ни постапката со која ќе може да има ефикасен надзор и да се оствари правото на работниците за исплата на регрес за годишен одмор. Овој дел треба да се доусогласи за да нема проблем и кај работодавците и кај работниците. Но, според анализите во извештаите, годинава има намалување на изречените инспекциски мерки по основ на неисплатен К-15 – изјави Томовска.

Според Томовска, работниците сè повеќе се охрабруваат да си ги бараат и да ги бранат своите права, кои им следуваат, и тие може и електронски и анонимно да ги пријавуваат своите газди.

И анализите на Управата за јавни приходи покажуваат дека во државата има работодавци што исплатиле плата од само 5 или 10 денари во 2023 година.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска најави дека годинава ќе се зголемат инспекциските контроли по основ на кршење на работничките права, неисплата на прекувремена работа, исплата на плата под минималната…

(А.С.)