Пијана Лепа Брена ?!

717

По сè изгледа дека долгоочекуваното лето за мегапопуларната Лепа Брена започна со “полна пареа“. И тоа на нејзин начин, кога таа во друштво на своето семејство ќе се опушти, па ќе испие малку повеќе од што треба. Тоа на пејачката ѝ се случи пред неколку дена на една приватна забава кај нејзината родена сестра Факета Стојановиќ кај која Лепа Брена е на гости.

Двете одлично и токму онака сестрински максимално се забавувале, па во еден момент од забавата, решиле и малку да се глупираат пред камерата на мобилниот телефон.

Откако ги направиле овие луди фотографии, ги закачиле на ФБ и Инстаграм. За само триесетина секунди добиле еден тон коментари, од оној тип: „Брено, дали си пијана“, до оние: „Брено и ти си од крв и месо, заслужуваш да бидеш опуштена и неоптеретена со славата и парите“!

Како на овие смешни слики на Лепа Брена реагирал нејзиниот маж Боба Живојиновиќ никој не знае, од едноставна причина што Боба не се ни огласил нешто да прозбори.

Претпоставуваме дека не бил нешто воодушевен од својата непредвидлива сопруга. Но и пејачката не се потресе поради неговата рамнодушност.

Едноставно кажано, таа знае да си даде одмор на душата заедно со исто така откачената сестра пеејќи си го притоа својот голем хит “Ма, боли ме уво за све“!

Дуле М. /фото:ФБ-Инстаграм/