Така е тоа во овој живот. Додека неговата богата колешка Лепа Брена летово троши многу пари во Монако, нејзиниот колега, пејачот Џеј Рамадановски, во Белград се грижи за своите сиромашни сограѓани во екот на пандемијата. Тој купува сè што останало за јадење низ пекарниците и им го дава на оние кои немаат за леб. Како што вели за „Супер ТВ“, тој сè уште добро се сеќава на својот сиромашен живот, па не сака никој да живее така бедно.

– Секогаш пред крајот на смената околу 3 после полноќ, Џеј доаѓа и купува сè што ќе остане. Купува храна за сиромашните. Дури и кога беше болен, тој не се откажа од тоа, вели една продавачка, а Џеј скромно го потврдил тоа.

“Ма, никој не смее да биде гладен, политичарите да се загрижат за состојбата“, порачува Џеј

Инаку, тој влече корени од Ресен, Македонија, а неговите баба и дедо, како чергари, се отселиле за Србија, веднаш после Втората светска војна.

– Јас секогаш ги честам луѓето кои немаат, не само јас, туку и моите драги пријатели од белградскиот Дорќол. Се сеќавам како мене ми беше порано, па сега им враќам на сите тие луѓе. Никој не смее да биде гладен, политичарите да се загрижат за состојбата. Јас секогаш велев, сиромаштијо и на Господ си му тешка! Зошто да не помогнам. Така сакам, така се чувствувам. Треба и моите други естрадни колеги да помагаат, не само да ги трошат парите и тоа најчесто на глупости.

Сега во оваа пандемија мора да одат да летуваат, на море. Не мораат. Нека се стрпат. Луѓето немаат за леб, гладни се, вели Џеј, кој времето го поминува дома, изолирано поради пандемијата и никаде не настапува.
– Не одам скоро никаде, разговарам со моите од Виена преку компјутер, а само внуците доаѓаат кај мене, и тоа е тоа.  Д.М. фото:ФБ