Менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, повторно испрати јасна порака до раководните лица дека мораат под итно да ангажираат фудбалер кој ќе биде достојна замена за тешко повредениот Родри. Неофицијално, најголема желба на Пеп е играчот на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди во чии договор има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 60 мил. евра.